Монтирање на додаток за всисување (види слики C и G)
Цревото за всисување (15) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (комбиниран адаптер за всисување (17), закривена млазница (18)).
Комбинираниот адаптер за всисување (17) се состои од PowerTool адаптер (преден дел) (24) и PowerTool адаптер (заден дел) (25).
Во сликата G може да ги најдете можните дијаметри на млазниците за всисување кои може да се поврзат на комбинираниот адаптер за всисување (17).
Доколку е потребно, поставете го адаптерот PowerTool (преден дел) (24) на адаптерот PowerTool (заден дел) (25) и заклучете го во спротивна насока на стрелките на часовникот.
Во зависност од посакуваниот дијаметар на приклучокот, поставете го само адаптерот PowerTool (заден дел) (25) или склопениот комбиниран адаптер за всисување (17) на всисното црево. Оставете звучно да се вклопат двете копчиња на притискање (16) на всисното црево во адаптерот PowerTool (заден дел) (25).
За да ги одвоите двата дела на адаптерот, свртете го адаптерот PowerTool (предниот дел) (24) во насока на стрелките на часовникот и извадете го.
За да го извадите комбинираниот адаптер за всисување (17) од всисното црево, притиснете ги копчињата на притискање (16) навнатре и извлечете го комбинираниот адаптер за всисување од всисното црево.