Ставање и вадење на батеријата (види слика A)
- Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во всисувачот.
- Секогаш одржувајте ги чисти и суви преградата и отворот за батерија, за да може добро и безбедно да работите.
- Притиснете го копчето за отклучување (3) во насока на стрелката и отворете го поклопецот на батеријата (2).
- Вметнете ја батеријата (12) во отворот за батерија (11), додека не слушнете да се вклопи.
- За вадење на батеријата (12) притиснете го копчето за отклучување (13) на батеријата и извлечете ја од преградата за батерии (11).
- Затворете го поклопецот за батеријата (2), така што ќе слушнете дека се вклопува.